понеделник, 14 јули 2025

Кинески ловци летаа невообичаено блиску до јапонски патролни авиони, Токио изрази загриженост

Кинески борбени авиони летаа невообичаено блиску до јапонски воени патролни авиони во текот на викендот, додека два кинески носачи на авиони за прв пат дејствуваа во Тихиот Океан, соопшти доцна синоќа јапонското Министерство за одбрана.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изразивме сериозна загриженост до кинеската страна и официјално побаравме тоа да не се повтори“, рече во четвртокот главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, осврнувајќи се на инцидентите од 7 и 8 јуни во кои Токио рече дека кинески авиони летале на само 45 метри до јапонските авиони.

Кинескиот авион J-15 од носачот на авиони Шандонг го следеше јапонскиот патролен авион П-3С околу 40 минути во саботата, соопшти министерството.

Во неделата, средбата траеше 80 минути, при што J-15 помина пред јапонскиот авион на само 900 метри, додаде министерството.

Портпаролот на Здружениот штаб на министерството одби да открие дали во инцидентите во двата дена беа вклучени истите авиони.

Во еден момент и во двата дена, Ј-15 се приближи на само 45 метри од јапонскиот авион. П-3С, кој припаѓа на јапонската морнарица за самоодбрана со седиште на островот Окинава, вршеше надзор на меѓународните води во Пацификот, според министерството.

„Ваквите абнормални приоди на кинеските воени авиони потенцијално би можеле да предизвикаат случајни судири“, соопшти министерството, приложувајќи фотографии снимени одблизу во неделата од авионот J-15.

Нема штета на јапонските авиони и екипажот, се додава.

Токио претходно оваа недела соопшти дека Шандонг и друг кинески носач на авиони Лјаонинг, за прв пат спроведуваат истовремени операции во Пацификот, опишувајќи го како потег кој ја означува намерата на Пекинг дополнително да ги прошири своите капацитети надвор од своите граници.

Пекинг во вторникот изјави дека операциите биле „рутинска“ вежба, која не е насочена против конкретни земји.

Во 2014 година Токио изјави дека кинески воен авион летал на 30 метри од нивниот воен авион во Источното Кинеско Море, поради што го изрази своето незадоволство до Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ