сабота, 3 мај 2025

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзекмен, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на испраќањето американски астронаути на Марс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Наш приоритет ќе биде испраќање американски астронаути на Марс. На тој пат, неизбежно ќе ги развиеме способностите потребни за враќање на Месечината и да ги утврдиме придобивките од постојаното присуство на површината на Месечината“, рече Ајзекмен во писмена изјава подготвена за сослушувањето пред Комитетот за трговија, наука и транспорт на американскиот Сенат.

Ројтерс во понеделникот објави дека Ајзекмен, зборувајќи со сенаторите минатата недела, ја истакнал важноста да се вратат луѓето на Месечината пред Кина да го стори тоа. Неговите зборови донекаде ја намалија загриженоста дека програмата на НАСА за Месечината, вредна повеќе милијарди долари, може да биде загрозена со пренасочување на фокусот на Марс.

Програмата Артемис на НАСА, која има за цел да ги врати луѓето на Месечината, беше лансирана за време на првиот претседателски мандат на Трамп како начин да се тестираат технологиите потребни за далекосежните мисии на Марс.

За неговиот став за програмата Артемис се очекува жива дискусија за време на сослушувањето во Сенатот.

НАСА веќе инвестираше милијарди долари во програмата за враќање на Месечината, работејќи со американските сојузници и голем број приватни компании, вклучувајќи ја и Спејсекс на Илон Маск, кои ја гледаат Месечината како иден пазар.

Сепак, во својот втор мандат како претседател, Трамп се повеќе јавно го истакнува Марс како главна цел.

Ајзекмен нагласи дека повеќето американски вселенски програми ги надминуваат планираните трошоци и доцнат со роковите.

„Тоа е обесхрабрувачки затоа што луѓето денес гледаат кон ѕвездите и се прашуваат што има таму, а не што ќе биде таму за неколку децении“, рече тој во своето сведочење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ