недела, 14 декември 2025

Калас: Западните земји имаат 30 дена да најдат дипломатско решение за нуклеарната криза во Иран

Западните земји сега имаат 30 дена да најдат дипломатско решение за иранската нуклеарна криза, изјави денеска високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пренесува агенцијата Бета.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Влегуваме во нова фаза од 30 дена, која навистина треба да ја искористиме за да најдеме дипломатски решенија“, изјави Калас пред почетокот на состанокот на ЕУ во Копенхаген, еден ден откако Европејците одлучија да активираат механизам за повторно воведување меѓународни санкции против Иран во рок од еден месец.

Тоа барање ќе биде разгледано денеска од Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, вчера изјави дека Иран е подготвен да продолжи со „фер“ преговори за својата спорна нуклеарна програма доколку Западот покаже добра волја, пренесува Ројтерс.

Аракчи ова го изјави неколку часа откако трите европски сили го започнаа процесот за повторно воведување санкции на ОН врз Техеран.

„Аракчи ја потврди подготвеноста на Иран да продолжи со фер и избалансирани дипломатски преговори, под услов другите страни да покажат сериозност и добра волја и да избегнат потези што им штетат на шансите за успех“, рече тој во писмо до Калас, според Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ