недела, 14 декември 2025

Калас: Автократскиот сојуз во Пекинг е директен предизвик за меѓународниот поредок

„Состанокот на лидерите на Кина, Русија, Иран и Северна Кореја во Пекинг е директен предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила“, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не станува збор само за испраќање антизападни сигнали, туку овој автократски сојуз претставува директен предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила“, рече Калас.

Таа додаде дека не се работи само за симболика. „Руската војна во Украина има кинеска поддршка. Ова е реалноста со која Европа мора да се соочи“, истакна Калас.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун стоеја покрај претседателот Си Џинпинг на огромната воена парада во Пекинг.

На парадата, меѓу другите, учествуваа и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и пакистанскиот премиер Шебаз Шариф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ