Монсунски дождови ја погодија Јужна Кореја пред пет дена, оттогаш куќите во многу делови на земјата се поплавени или затрупани, додека илјадници луѓе се евакуирани.
Едно лице загина денеска при уривање на куќа, друго е пронајдено мртво во надојдениот поток во градот Гапјеонг на северот од земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност.
Во градот Санчеонг на југот на земјата вчера биле пронајдени осум мртви, шест се водат како исчезнати, се наведува во соопштението.
Министерството додаде дека денес се евакуирани уште 3.840 лица.
Дождовите претежно престанаа во поголемиот дел од Јужна Кореја, предупредувањата за обилни врнежи се укинати.






