среда, 14 мај 2025

Израелската војска трупа војници во окупираната сириска Голанска висорамнина

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека, поради развојот на ситуацијата во Сирија, „ги засилува воздушните и копнените сили во областа на Голанската висорамнина“, стратегиски важна сириска територија која Израел ја окупира од 1967 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на проценката на ситуацијата која е во тек од вчера во генералштабот и северната команда, и поради развојот на внатрешниот конфликт во Сирија, ИДФ ги засилува воздушните и копнените сили во областа на Голанската висорамнина“, се наведува во соопштението.

Израелските сили се распоредени долж границата, го следат развојот на ситуацијата и се спремни за сите сценарија, и офанзивни и дефанзивни, се додава.

„ИДФ нема да толерира закани во близина на израелската граница и ќе спречи секаква закана против државата Израел“, се истакнува во објавата.

Откако ја зазеде таа област за време на војната во 1967 година, Израел во 1981 едноставно ја анектираше Голанската висорамнина.

Голанската висорамнина дава значителна стратегиска предност на оној кој ја контролира, овозможувајќи надзор над Либан, Сирија и Израел, а Обединетите нации и понатаму ја сметаат за окупирана сириска територија.

Првата администрација на Доналд Трамп го смени ставот на САД признавајќи ја Голанската висорамнина како дел од Израел, но тој став беше поништен за време на Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ