Израелските војници „спроведуваат операции користејќи екстремна сила во овие области, овие воени операции ќе се интензивираат и прошират кон запад, кон центарот на градот (на Газа), со цел да ги уништат ресурсите на овие терористички организации“, изјави портпарол на израелската војска на арапски јазик за мрежата Икс.
Тој објави и мапа на која се означени неколку такви населби, како стариот град Газа и населбата Џабалија.
Индиректните разговори меѓу Израел и палестинското движење Хамас, кое владее со Газа, беа прекинати кога Израел го прекрши последниот договор за прекин на огнот во март, продолжувајќи ја својата воена акција во Газа, додека се влошуваше тешката хуманитарна криза на територијата.
Околу 50 израелски заложници се наоѓаат во Газа, а се верува дека помалку од половина сѐ уште се живи. Вкупно 251 заложник беа земени кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.