понеделник, 15 декември 2025

Израел издаде наредба за евакуација на централниот дел од Појасот Газа

Израелската војска денеска издаде нови предупредувања за евакуација на централниот дел на Појасот Газа, со што би се спречил пристапот од центарот кон југот на областа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израел и милитантната исламистичка група Хамас во моментов водат преговори за прекин на огнот во Катар, меѓународните експерти тврдат дека засега нема напредок.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќе пати изјави дека проширувањето на воените операции на земјата во Газа ќе изврши притисок врз Хамас да преговара.

Во реонот на Газа, кој е под наредба за евакуација, има голем број пунктови на меѓународните организации, кои дистрибуираат помош за населението погодено од хуманитарната криза.

Портпаролот на израелската војска предупреди дека нејзините единици „интензивно ќе ги нападнат милитантите“.

Тој го повика цивилното население да се упати кон областа Муваси во јужниот дел на Појасот Газа, која Израел ја прогласи за хуманитарна зона.

Локалната организација „Форум на семејства на заложници“ ја осуди израелската најава за евакуација и испрати барање до Нетанјаху тој и армијата да објаснат што сакаат да постигнат во централниот дел на Појасот Газа.

Форумот го обвини Израел дека дејствува без јасен воен план.

Во Тел Авив синоќа десетици илјади луѓе протестираа и бараа прекин на војната во Газа која трае од октомври 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ