вторник, 9 декември 2025

Израел го нападна Хезболах во јужен Либан (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти дека нападнала неколку цели на Хезболах во јужен Либан, вклучувајќи складишта за оружје, места за лансирање ракети и објекти што се користат за складирање на техничка опрема.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападите се случуваат и покрај прекинот на огнот меѓу Израел и милитантната група поддржана од Иран.

Либанските медиуми претходно во текот на денот известија за израелски воздушни напади во регионот.

Иако примирјето официјално останува на сила, Израел продолжува да ги напаѓа позициите на Хезболах речиси секојдневно, барајќи целосно разоружување на групата.

Либанската армија оваа недела доби задача да развие план за разоружување на Хезболах, при што целото оружје во земјата ќе биде ставено под државна контрола до крајот на годината.

Хезболах ја отфрли таквата временска рамка и инсистира на тоа дека Израел мора прво да ги прекине своите воздушни напади и да ги повлече трупите од своите пет преостанати позиции во јужен Либан.

Иако ослабен од тековниот конфликт со Израел, Хезболах останува доминантна политичка сила во Либан. Владата денеска се очекува да одржи уште една средба на која ќе се разговара за следните чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ