Одлуката сè уште не е конечна. Тоа е рута низ која минуваат приближно 20 проценти од светските набавки на нафта и гас.
Претставникот и командант на иранската Револуционерната гарда, Есмаил Косари, изјави дека затворањето на теснецот „е на дневен ред“ и дека тоа „ќе се направи кога ќе биде потребно“.
Британската поморска агенција УКМТО (Британски поморски трговски операции) објави дека во моментов ја проценува заканата за американските трговски бродови во Црвено Море и Аденскиот Залив, во близина на Иран, како висока.
Ормускиот теснец, тесен морски премин на излезот од Персискиот Залив, е клучна точка на светската трговија со нафта. Околу една четвртина од вкупната светска трговија со нафта поминува низ него секој ден, што го прави еден од најважните трговски патишта на планетата.
Теснецот се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман, а е широк само 33 километри во најтесната точка. Низ него, бродовите го напуштаат Персискиот Залив кон Оманскиот Залив и понатаму кон светските пазари. Откако конфликтот меѓу Израел и Иран ескалираше пред една недела, високи ирански функционери постојано се закануваа дека ќе го затворат Ормускиот теснец.
Аналитичарите на Голдман Сакс предупредуваат дека затворањето на Ормускиот Проток би можело да ги подигне цените на нафтата над 100 долари за барел. Според Меѓународниот монетарен фонд, секое зголемување на цената на нафтата за 10 отсто ја зголемува инфлацијата во развиените земји за околу 0,4 процентни поени.
Иако заканата од затворање е сериозна, многу аналитичари истакнуваат дека тоа би бил исклучително радикален потег. Иран со тоа би ризикувал конфликт не само со западните земји, туку и со клучните економски партнери како што се Кина и соседните извозници на нафта – Катар и Обединетите Арапски Емирати – кои исто така зависат од слободниот премин низ теснецот.
Ормускиот теснец е едно од најчувствителните геополитички места во светот – секое нарушување на неговиот сообраќај може да има непосреден и сериозен ефект врз глобалната економија.