„Во нападот е погодена болницата, предизвикувајќи значителна штета во неколку области. Во моментов ја проценуваме штетата и бројот на потенцијално повредени“, се вели во соопштението на болницата.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
Неколку минути претходно, израелското Министерство за надворешни работи објави за „директен погодок“ на важен објект во кој се лекуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа.
Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал уште една салва ракети кон Израел. „Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.
Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да „зажали и плати“ за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.
„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на Икс, обвинувајќи го Израел, неговиот заколнат непријател, дека сака да го „прошири конфликтот во регионот и пошироко“.
Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од офанзивата против Исламската Република.