недела, 14 декември 2025

Иран ги отфрла обвинувањата на Австралија за вмешаност во антисемитски напади

Иранските власти денеска ги отфрлија обвинувањата на Австралија дека биле вмешани во антисемитски напади во Сиднеј и Мелбурн и предупредија дека ќе преземат одмазднички мерки по протерувањето на нивниот амбасадор во Канбера.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинението што е изнесено е категорично отфрлено“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаеи.

Тој додаде дека „секоја несоодветна и неоправдана мерка на дипломатско ниво ќе резултира со одговор“.

Австралиската влада претходно денес објави дека го протерува иранскиот амбасадор во Канбера, обвинувајќи го Иран за вмешаност во антисемитски напади во Мелбурн и Сиднеј.

Австралија им даде на амбасадорот и на уште тројца ирански дипломати рок од седум дена да ја напуштат земјата, изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг.

Австралија го направи ова за прв пат по Втората светска војна.

Австралискиот премиер рече дека Иран стои зад пожарите во кошер кафуле во предградие на Сиднеј во октомври 2024 година и во синагогата Адас Израел во Мелбурн во декември 2024 година. Во инцидентите немаше повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ