недела, 14 декември 2025

Иран: Америка мора да ни надомести

САД мора да му надоместат на Иран за штетата предизвикана за време на војната минатиот месец, пренесува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на иранскиот министер за надворешни работи, откако Техеран зазеде построг став и постави нови услови за продолжување на нуклеарните разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тие треба да објаснат зошто нè нападнаа среде… преговори и мора да се погрижат да не го сторат тоа повторно (за време на идните разговори). И мора да ја надоместат штетата што ја предизвикаа“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за Фајненшл тајмс во Техеран.

Фајненшл тајмс пренесе дека Арагчи и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, размениле пораки за време и по војната, при што иранскиот функционер му нагласил на својот американски колега потребата од заемно корисно решение за да се стави крај на долготрајниот застој околу нуклеарната програма на Иран.

Главниот нуклеарен преговарач на Иран изјави дека на Иран му се потребни вистински мерки за градење доверба од своја страна откако Виткоф предложи продолжување на разговорите. Тој рече дека ова треба да вклучи финансиска компензација, без да наведе детали, како и гаранции дека Иран нема повторно да биде нападнат за време на преговорите, според Фајненшл тајмс.

САД ги нападнаа нуклеарните постројки на Иран во јуни, за кои Вашингтон вели дека се дел од програмата за развој на нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма се користи исклучиво за цивилни цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ