вторник, 8 јули 2025

Иран ѝ забрани на МААЕ пристап до нуклеарните постројки и ги отстрани камерите за надзор

Иран одлучи да му забрани пристап на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) до нејзините нуклеарни постројки и да ги отстрани камерите за надзор, тврдејќи дека израелската влада дошла до чувствителни податоци за објектите, објавија медиумите во саботата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателот на иранскиот парламент Хамид Реза Хаџи Бабаеи ја објави одлуката да се забрани пристапот до директорот на МААЕ Рафаел Гроси за време на погребот на високи воени функционери и нуклеарни научници убиени од израелските сили во неодамнешните напади, пренесува новинската агенција Мехр.

По 12 дена војна беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел. Израел нападна високо заштитени ирански нуклеарни објекти со беспилотни летала и воени авиони за да спречи изградба на нуклеарна бомба, што го поттикна иранскиот режим да започне контранапади врз израелските градови.

Иран претходно ѝ дозволи на МААЕ пристап до нуклеарните постројки и инсталирање на софистицирана опрема за мониторинг, клучен елемент од нуклеарниот договор што Техеран го потпиша во 2015 година со Франција, Русија, Велика Британија, САД, Германија и Европската унија за да ја држи својата нуклеарна програма под контрола.

Администрацијата на Доналд Трамп се повлече од договорот во 2018 година. За време на неодамнешните преговори за нуклеарната програма на Иран, Техеран претходно се закани дека ќе ги отстрани камерите за надзор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ