„Дали е време да се основа нова политичка партија во САД која би претставувала 80 отсто од луѓето“, праша Маск пред два дена.
Is it time to create a new political party in America that actually represents the 80% in the middle?
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
Потврдно одговориле 80 отсто од луѓето.
„Народот го кажа своето мислење. На Америка ѝ е потребна нова политичка партија што ќе претставува 80 отсто од народот. И точно 80 отсто од луѓето се согласуваат дека е потребна нова партија. Ова е судбина“, напиша Маск.
Синоќа Маск сугерираше дека тоа би можело да се случи. Потоа го откри името.
„Партија на Америка“, напиша тој во следната објава. Или во превод – Американската партија.
Нема дополнителни информации за потенцијалното формирање партија. Маск никогаш претходно не ја спомнал оваа опција.
Најавата за основање на партијата веднаш стана главна тема на Икс. Еден од првите што ја поддржа таквата идеја беше влијателниот претприемач Марио Навфал, сопственик на Меѓународна групација за консалтинг за блокчејн.
Навфал е познат како водител на „Шоуто на тркалезна маса“, највлијателната аудио емисија на платформата Икс (поранешен Твитер), каде што интервјуирал бројни светски лидери и познати личности, вклучувајќи ги Илон Маск, Марк Кјубан и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Неговата емисија има милиони слушатели неделно и над две милијарди месечни прегледи.
„Кога 5,6 милиони луѓе ви велат дека се политички бездомници, можеби е време да го срушите целото соседство.“ Предложената „Партија на Америка“ на Илон наиде на одобрување од 80,4 отсто од испитаниците кои се уморни од двопартискиот естаблишмент“.
Галуп покажува дека 43 отсто од Американците се идентификуваат како независни, отфрлајќи ги обете главни партии. Меѓу независните, 56 отсто имаат позитивно мислење за Илон. Дури 34 отсто од демократите го гледаат во позитивно светло. Републиканците ги обожаваат неговите буџетски кратења (поддршка од отсто).
Тој е единствено позициониран да ги обедини силите од двете страни против постојаната политичка класа во Вашингтон.
Историјата предупредува дека третите партии не успеваат. Но, Илон носи невидени ресурси, платформа и вистинскиот тајминг. Технологијата ја демократизираше политиката. „Американска партија“, во својата елегантна едноставност, може конечно да им даде на 80 отсто она што го сакаат: уништување на мочуриштето, а не само нова администрација“, напиша тој.
🚨🇺🇸 THE AMERICA PARTY: ELON’S VISION TO DISMANTLE THE ESTABLISHMENT
When 5.6 million people tell you they’re politically homeless, perhaps it’s time to bulldoze the entire neighborhood.
Elon’s proposed “America Party” resonated with 80.4% of respondents who are tired of the… https://t.co/Ek6fmYhbtn pic.twitter.com/KxxnRdnSUU
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 6, 2025
До неодамна, се чинеше дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск се во силен сојуз – комбинација од најмоќниот политичар и најбогатиот човек во светот.
Но, во последните десетина дена таа врска доживеа целосен распад, прераснувајќи од благо несогласување во отворен конфликт полн со меѓусебни обвинувања, навреди и закани.
Илон Маск јавно го критикуваше предлог-законот за даноци и владини трошоци на Трамп во интервју за Си-би-ес, нарекувајќи го „разочарувачки“. Трамп тогаш не одговори директно, но им рече на новинарите дека „не му се допаѓаат некои аспекти“ на законот, иако е „воодушевен“ од даночните намалувања.
Ова беше вовед во спорот што ескалираше на почетокот на јуни со жестока расправија на социјалните мрежи и во медиумите.