петок, 16 мај 2025

Хрватска привремено ги запира барањата за азил за Сиријците

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ изјави синоќа дека и Хрватска привремено ги запира сириските барања за азил откако тоа го направија повеќе европски држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Им дадовме упатство на надлежните служби дека и ние привремено ги запираме барањата за азил за државјаните на Сирија додека евентуално не се донесе некоја одлука на ниво на Европската Унија“, им рече Божиновиќ на новинарите во Загреб.

Тој нагласи дека Сиријците избегаа од режимот што ги убиваше своите граѓани и кој против нив користеше хемиско оружје.

„Овој режим не постои по повеќе од половина век колку што владееше династијата на Ал Асад и се надеваме дека ситуацијата во Сирија ќе овозможи Сиријците да се вратат во својата земја, што е во интерес, би рекол, на сите“, истакна хрватскиот министер, пренесе Хрватска радиотелевизија.

Повеќето европски држави вчера ја запреа обработката и проверката на барањата азил на лицата од Сирија откако за време на викендот беше урнат режимот на Башар ал-Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ