Одлуката дојде откако САД и партиите кои се противат на движењето извршија притисок врз владата во Бејрут да се обврзе јавно да го разоружи, поради загриженоста дека Израел ќе ги интензивира нападите врз земјата доколку не го стори тоа.
Хезболах изјави дека потегот е резултат на американски „диктати“ и дека ќе биде третиран „како да не постои“. „Владата на премиерот Наваф Салам направи голем грев со одлуката да одземе оружје од Либан за да се спротивстави на израелскиот непријател. Одлуката целосно им служи на интересите на Израел“, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека шиитските министри ја напуштиле владината седница пред гласањето, во знак на „отфрлање на таквата одлука“.
Седницата во либанската претседателска палата беше прва на која владата се осврна на прашањето за оружјето на Хезболах, што беше незамисливо кога групата беше на врвот на својата моќ, пред минатогодишната војна со Израел во која беше убиен и нејзиниот лидер Хасан Насрала.
Владата ќе се состане повторно утре за да ги продолжи дискусиите за предлозите на САД за временска рамка за разоружување на Хезболах.