недела, 4 мај 2025

Хамас веројатно ќе одговори на израелскиот предлог во рок од 48 часа

Хамас „најверојатно ќе одговори во рок од 48 часа“ на израелскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави за Франс прес неименуван претставник на палестинското движење.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Хамас најверојатно ќе го достави својот одговор до посредниците во рок од 48 часа, бидејќи движењето сè уште спроведува опсежни консултации“, рече официјалниот претставник кој сакаше да остане анонимен.

Хамас во понеделникот објави дека преку египетски посредници добил израелски предлог за привремен прекин на огнот на територијата.

Според претставник на движењето, Израел бара враќање на 10 живи заложници во замена за прекин на огнот од „најмалку 45 дена“. Предвидено е ослободување на вкупно 1.231 палестински затвореник што ги држи Израел, како и пристап до хуманитарна помош до Газа.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, со напад на Хамас на југот на Израел, што предизвика одмаздничка израелска офанзива на палестинска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ