среда, 16 јули 2025

Гувернерот на Калифорнија го обвини Трамп дека сака да започне граѓанска војна, Трамп му одговори (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп го отфрли обвинувањето на гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом дека неговата администрација „сака граѓанска војна на улиците“, среде протестите во Лос Анџелес против рациите кои се обиде да ги спроведе федералната агенција за имиграција ИКЕ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето од новинарите што мисли за изјавата на Њусом дека „сака граѓанска војна“, Трамп одговори: „Не, сосема спротивното. Не сакам граѓанска војна. Граѓанска војна би се случила ако луѓе како него одлучуваат за сè“.

Протестите избувнаа минатиот петок во Лос Анџелес, каде живеат бројни мигрантски заедници, како реакција на федералните имиграциски рации наредени од администрацијата на Трамп. Вашингтон тврди дека таканаречените „градови-засолништа“ како Лос Анџелес и државата Калифорнија ја попречуваат работата на федералните агенти. Како одговор на немирите, Трамп го одобри распоредувањето на Националната гарда.

Гувернерот Њусом за Фокс 11 во Лос Анџелес изјави дека се работи за „нелегален и неуставен чин“ со кој претседателот ја „федерализирал“ Националната гарда, ставајќи ги во опасност животите на граѓаните.

Њусом исто така рече дека разговарал со претседателот во последните денови, но дека Трамп не сакал сериозно да зборува за настаните во Лос Анџелес и дека ниту еден локален функционер не побарал федерална помош.

„Тој ја влоши ситуацијата. Ова се сликите што ги создаде Доналд Трамп“, рече Њусом, додавајќи дека „нема можност за преговори“ со Трамп.

Запрашан за тврдењето на Трамп дека лично му рекол дека ќе ја испрати Националната гарда ако не ја смири ситуацијата, Њусом рече дека претседателот е „ладнокрвен лажго“ и дека никогаш не го рекол тоа.

„Тој не е за мир, тој е тука за граѓанска војна на улиците“, рече Њусом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ