вторник, 5 август 2025

Гутереш: Ситуацијата во Газа е ужасна, нема паралела во модерната историја

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја оцени ситуацијата во Појасот Газа како „ужасна“, истакнувајќи дека нивото на смртни случаи и уништување во областа „нема паралела во модерната историја“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата во седиштето на ОН, Гутереш изрази длабока загриженост за последниот напад, во кој, според извештаите, загинаа голем број цивилни жртви, вклучително и деца, додека се обидуваа да добијат помош.

„Насилството го поткопува основното човечко достоинство на луѓето од Газа, без оглед на огромното страдање што веќе го трпат“, изјави Гутереш, повторувајќи го својот апел за траен прекин на огнот.

Тој нагласи дека прекинот на огнот мора да доведе до политичко решение што го вклучува правото и на Палестинците и на Израелците на сопствена држава. Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), седум деца биле убиени во Нусејрат во текот на викендот додека чекале вода, додека во четвртокот жени и деца биле убиени за време на дистрибуција на храна.

УНИЦЕФ ги означи ваквите напади како „злосторство што мора да престане“, нагласувајќи дека цивилите, особено децата, не смеат да ги ризикуваат своите животи за основните потреби. Министерството за здравство на Газа соопшти дека специјалист за хирургија и ендоскопија бил убиен во текот на викендот.

ОН, исто така, предупредуваат на критичен недостиг на гориво. Ограничените конвои со помош не се доволни ниту за еден работен ден, продолжувањето на ваквите услови би можело да доведе до целосно прекинување на хуманитарните операции, вклучувајќи ја здравствената заштита, водоснабдувањето и дистрибуцијата на помош.

На повеќе од 5.800 деца во Газа им е дијагностицирана неисхранетост, повеќе од 1.000 од нив страдаат од тешка акутна неисхранетост, објави Синхуа. ОН и нејзините партнери ги повикуваат израелските власти веднаш да дозволат непречен и континуиран пристап на помош до Газа преку сите достапни коридори. Во меѓувреме, израелските сили издадоа нови наредби за евакуација.

Во петокот, околу 70.000 луѓе добија наредба да ја напуштат областа Римал во градот Газа. OCHA проценува дека повеќе од 86 проценти од Газа моментално е под наредба за евакуација или во израелски милитаризирани зони. На Западниот Брег, OCHA забележува продолжување на насилството.

Двајца млади Палестинци беа убиени во петокот во близина на Рамала за време на напад од страна на израелски доселеници. Од почетокот на годината, забележани се повеќе од 700 вакви инциденти низ Западниот Брег, кои погодија повеќе од 200 заедници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ