вторник, 9 декември 2025

Гана: Се урна хеликоптер со функционери и двајца министри на владата, осум лица загинаа

Осум лица загинаа, вклучувајќи ги министрите за одбрана и животна средина на Гана и други функционери на африканската земја, кога хеликоптерот што ги превезуваше се урна, соопшти владата во Акра.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Војската на Гана соопшти дека хеликоптерот полетал утринава од Акра и се движел кон градот Обуаси во регионот Ашанти.

Потоа исчезнаl од радарот. Сè уште не е познато што ја предизвикало несреќата.

Во хеликоптерот биле и главниот советник за национална безбедност на Гана и потпретседателот на владејачката партија, Националниот демократски конгрес.

Владата на Гана соопшти дека оваа несреќа e „национална трагедија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ