Марин Лепен оцени дека постои „парламентарен колапс“ на извршните власти, на претседателот Емануел Макрон и на премиерот Франсоа Бајру.
„Значи, Макрон би можел да биде во искушение да ја распушти владата“, додаде Лепен, на која во оваа фаза ќе ѝ биде забрането да се кандидира на парламентарните избори, поради пресудата на која се жалеше во врска со користењето на европските фондови.
Во јуни минатата година, на изненадување на многумина, Макрон одлучи да го распушти парламентот, но крајната десница не успеа на тие парламентарни избори да го победи „Републикански фронт“, тогаш договорената коалиција на традиционалната левица и десница – против Националниот собир.