Бродот Кивала е под санкции на Европската Унија од февруари како дел од таканаречената руска „флота во сенка“, термин кој го користи Западот за бродовите кои Москва наводно ги користи за да ги заобиколи западните санкции. Обично не е јасна сопственоста на тие бродови ниту ги осигуруваат западните осигурителни компании.
Танкерот Кивала пловел кон Русија во моментот на запленувањето, според податоците на сајтот Марин трафик. Пловел под знамето на Џибути, но функционер на естонската управа за сообраќај негирал дека бродот е регистриран во таа земја. „Естонската морнарица рано утринава задржа санкционирано пловило без државно знаме“, објави естонскиот премиер Кристен Михал на социјалната мрежа Икс.
Early this morning, the Estonian Navy detained a sanctioned vessel with no flag state. Our authorities are currently on board, inspecting its legal status and safety.
Estonia takes suspicious activities in the Baltic Sea very seriously. https://t.co/Aate7uSpI3
— Kristen Michal (@KristenMichalPM) April 11, 2025
„Естонија многу сериозно ги сфаќа сомнителните активности во Балтичко Море“, додаде тој. Ставајќи го бродот Кивала во својот регистар на санкции во февруари, ЕУ соопшти дека танкерот бил вклучен во превоз на руска нафта додека извршувал нерегуларно и високоризично пловење.
„Поради сомнежот дека бродот нема знаме, естонските власти реагираа. Екипажот и командантот соработуваа“, кажа Кристијан Труу, директор на поморскиот оддел во естонската управа за сообраќај.
Во операцијата биле вклучени морнарички бродови и хеликоптери, а бродот бил прегледан додека Естонија барала детали од Џибути.






