Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека вулканот доживува моќни стромболски експлозии – вид на ерупција со „сè поголем интензитет“.
Според веб-страницата Волкејно Дискавери, вулкански земјотреси биле регистрирани пред ерупцијата, која започнала околу 22 часот по локално време и го достигнала врвот нешто пред 1 часот по полноќ, пренесува Индепендент.
#Etna 2025 suite de l’éruption pic.twitter.com/95sZiVHGbM
— 🥗Aurelien Pouzin🍯 (@aurelienpouzin) June 2, 2025
Советодавниот центар за вулканска пепел во Тулуз, еден од деветте такви центри низ светот што се користат за следење на ризиците во воздушниот сообраќај, предупреди дека облакот од вулканска пепел достигнал висина од околу 6.400 метри.
#Etna @CNEWS @Le_Figaro @leJDD @Europe1
Fascinant pic.twitter.com/mp8tbcYhxl— 🥗Aurelien Pouzin🍯 (@aurelienpouzin) June 2, 2025
Етна е еден од најактивните вулкани во светот и ерупциите не се невообичаени. Веб-страницата Волкејно Дискавери на почетокот на мај објави дека Етна поминала низ десетина еруптивни фази во последните два месеци.
Покрај видливите облаци од чад и лава, вулканите можат да испуштаат токсични гасови кои можат да бидат без мирис и невидливи.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), „вдишувањето на вулкански гасови во високи концентрации може да предизвика благи симптоми, како што е иритација на очите, но и посериозни симптоми, како отежнато дишење или дури и смрт“.
Повеќето ефекти од вулканските честички и гасови се краткотрајни, според американскиот ЦДЦ, предизвикувајќи ефекти како што се иритација на очите и дишните патишта, повраќање, вртоглавица, главоболка, отежнато дишење и визуелни нарушувања.
Продолжената изложеност на вулкански гасови и пепел е поврзана со развој на други белодробни заболувања и респираторни нарушувања, соопшти ЦДЦ, додавајќи дека „акутната изложеност на одредени вулкански гасови може да доведе до губење на свеста и на крајот смрт во рок од неколку минути“.