Според извештајот на вооружените сили, постои сомнеж дека криминални организации со помош на платеници донесени од Мексико и други земји го планирале убиството на Нобоа и други високи функционери, пренесе ЕФЕ.
Беа издадени и предупредувања за можни напади на мостови, банки и државни институции, како и организирање на насилни протести.
Владата соопшти дека се активирани сите безбедносни протоколи и дека вооружените сили, полицијата и разузнавачките служби работат заедно на неутрализирање на заканите.
„Овие акции имаат за цел да ја дестабилизираат владата и да ја поткопаат демократијата“, објави владата, со обвинувања дека криминалните групи се поврзани со политичките противници поразени на последните избори.
Претседателот Нобоа, кој во моментов е на Флорида поради лични причини, се очекува да се врати во Еквадор следната недела.