сабота, 3 мај 2025

Експлодира буџетот за одбрана на САД, Трамп нуди билион долари

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ветија буџет за американскиот систем за одбрана вреден билион долари, што претставува рекордно издвојување за оружените сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хегсет на социјалната мрежа Икс напиша дека „Трамп ја обновува американската војска и тоа брзо“.

Конгресот за оваа година за програмите за националната одбрана, вклучувајќи го Пентагон, развојот на нуклеарното оружје и безбедносните програми во другите агенции издвои 893 милијарди долари.

Хегсет планира да укине повеќе десетици илјади работни места во министерството за одбрана низ светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ