вторник, 5 август 2025

Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки

Две лица се убиени, а неколку други се повредени во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека ранетиот полицаец добил медицинска помош и е во стабилна состојба.

Пукањето во кое загинаа две лица се случило во Баптистичката црква Ричмонд Роуд, а брзата помош пристигнала на местото на настанот за да им пружи помош на повредените, соопшти полицијата.

Полицаец бил ранет вчера наутро на патот што го поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, соопшти полицијата. Осомничениот потоа избегал во баптистичка црква оддалечена околу 27 километри, каде што убил две лица и ранил неколку други.

Полицијата во Лексингтон потврди дека двете пукотници се поврзани.

Државната полиција на Кентаки и полициската управа во Лексингтон го „неутрализираа“ осомничениот во црквата.

„Ве молиме да се молите за сите оние што се погодени од овој бесмислен чин на насилство“, рече гувернерот Бешир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ