петок, 13 февруари 2026

Доналд Трамп го брани расистичкото видео: „Не се мајмуни, туку сцена од Кралот лав“

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој вината за објавувањето на видеото во кое Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни ја префрли на неименуван помошник, порача дека во тоа не гледа проблем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Доналд Трамп во четвртокот продолжи да ги потценува масовните осуди поради расистичкото видео објавено минатата недела на неговиот профил на социјалните мрежи и изјави дека ниту еден службеник на Белата куќа не сносел последици за навредливата објава.

На прашање од новинарка на Си-би-ес њуз дали „го отпуштил или казнил службеникот што од неговиот профил го објавил видеото со Обамовци“, Трамп одговори дека не го сторил тоа.

Претседателот потоа се обиде да го оправда расистичкото видео, во кое Барак Обама и Мишел Обама се прикажани како анимирани мајмуни, тврдејќи дека станува збор за референца на анимираниот филм Кралот лав, кој пак воопшто не прикажува мајмуни во таков контекст.

Видеото, објавено доцна навечер на неговата мрежа Трут соушл, комбинира дел од документарец што теориите на заговор за изборите во 2020 година ги претставува како факти и неколку секунди расистичка анимација на ликовите на Обамовци.

Додека Трамп се обидуваше да го минимизира очигледниот расизам, кој Белата куќа прво го бранеше, а потоа за него обвини неименуван соработник, го опиша видеото како „прилично долго, со мал дел што се однесува на Кралот лав“. Целото видео, сепак, трае нешто повеќе од една минута.

Според толкувањето на Трамп, расистичкото видео не е проблем бидејќи и претходно било широко достапно на интернет. „Беше многу гледано – прикажувано насекаде, долго пред да биде објавено“, тврдеше Трамп, очигледно мислејќи на подолга анимација од која е преземен спорниот дел, во која тој е прикажан како лав.

„Тоа беше… многу силен прилог за изборната измама“, додаде Трамп, мислејќи на делот што изнесува неосновани теории на заговор, „а делот за кој зборувате беше насекаде, многу пати, верувам и со години.“

Џеј Ди Венс во средата исто така го намалуваше значењето на спорното видео, изјавувајќи дека, бидејќи бил на пат, „контроверзијата почнала и згаснала пред воопшто да ѝ обрнам внимание“.

Венс го повтори неточното тврдење на Трамп дека видеото, кое било објавено 12 часа, било отстрането веднаш штом била откриена расистичката содржина. Во стварноста, портпаролката на Белата куќа првично го бранеше видеото, а тоа остана на профилот со часови, сѐ додека не беше избришано откако дури и некои републикански поддржувачи го осудија како расистичко.

„Претседателот рече дека соработник го објавил видеото, тој не го ни погледнал до крај, а кога го погледнал, го отстранил“, рече Венс. „Тоа не е вистинска контроверзија.“

„Дали треба да се извини поради објавувањето и бришењето? Не, мислам дека не“, додаде Венс. „Луѓето објавуваат работи на социјалните мрежи и ако нешто објавите па не ви се допадне, можете да го отстраните“.

Првичната објава веднаш предизвика осуди од двете страни на политичкиот спектар, вклучително и од неколку истакнати републикански претставници.

„Се молам да е лажно, затоа што тоа е најрасистичката работа што сум ја видел од оваа Бела куќа“, напиша на Икс сенаторот Тим Скот, единствениот црн републиканец во Сенатот.

„Дури и да станува збор за мем од Кралот лав, секоја разумна личност ќе види расистички контекст“, напиша сенаторот од Небраска Пит Рикетс. „Белата куќа треба да го направи она што секој го прави кога ќе згреши: да го отстрани и да се извини.“

Пратеникот од Њујорк Мајк Лолер го нарече видеото „погрешно и крајно навредливо“, а подоцна за Еј-би-си изјави дека мисли оти авторот на расистичката анимација е „идиот“.

Иако Белата куќа презеде редок чекор и го отстрани видеото, претседателот одби да се извини за очигледно расистичката објава.

„Не направив ништо погрешно“, рече минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ