„Марта Кос, која и да е, вели дека не сум битен за неа, а таа постојано се занимава со мене. Што ли би направила ако бев битен“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Според неговите зборови, кога Кос „неиспровоцирана го изговара неговото име, тогаш тој ѝ укажува на нејзината небитност“.
Наведувајќи дека Кос најавува разговори во Република Српска, тој оцени дека Кос во Бања Лука „може да разговара со губитници или сама со себе во огледало“.
„Таа зборува и за сецесија. Таа го знае тоа одлично. Таа доаѓа од земја (Словенија) која спроведе сецесија“, напиша Додик.
Тој додаде дека Србите се „за себе, не се против другите“ и затоа постои разлика.
Марта Кос, ма ко то био, каже да јој нисам битан и константно се бави мноме. Шта ли би радила да сам битан?
Мени је она потпуно небитна и не бавим се њоме. Када ничим изазвана изговара моје име, тада јој укажем на њену небитност.Видим да најављује разговоре у Републици Српској.…
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 12, 2026
Бањалучките медиуми ја пренесоа изјавата на европската комесарка дека, освен што Додик не е битен за неа, тој не ја претставува цела БиХ ниту Република Српска.
„Во Република Српска живеат повеќе од милион луѓе и тие се важни за мене. Ќе разговарам и со новиот претседател на Република Српска“, изјави Кос, нагласувајќи дека не го познава Синиша Каран.
Таа додаде дека била критикувана и за разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Секако дека разговарам. Тој е избран претседател. Не никого не квалификувам вака или онака, секогаш сум за дијалог. Полесно е да се затвори вратата, но што потоа? Додека можам да разговарам, тогаш можам и да критикувам“, нагласи Кос.






