недела, 14 декември 2025

Додик: Британците стојат зад пресудата против мене и нападот врз Вучиќ

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска изјави дека Велика Британија стои зад пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против него, кој сака да го отстрани од политичката сцена со цел да ги префрли мигрантите од таа земја на територијата на Босна и Херцеговина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Видовте кој прв реагираше по оваа конечна правосилна пресуда на судот во БиХ, британскиот амбасадор во БиХ, Џулијан Рајли“, изјави Додик, гостувајќи во утринската програма на Радио Телевизија РС (РТРС).

Тој додаде дека за депортацијата на мигрантите од Велика Британија во Босна и Херцеговина за време на посетата на Сараево зборувал и министерот за надворешни работи на таа земја, Дејвид Леми.

Тој изјави дека не можат да го гонат за ништо, па затоа нашле начин да го осудат затоа што „не го почитува високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит“.

„Потоа најдоа сервилни муслимани кои според одлуката на „Швабите“, фашисти го гонеа Милорад Додик, исто како што усташите го купија моето семејство за време на Втората светска војна и ги застрелаа“, рече Додик.

Тој оцени дека и зад нападот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ стои Велика Британија. „Во моменти кога имате компактна, силна Србија предводена од Вучиќ, имате дестабилизација на Србија. Сега овој црв на поделба се вкорени во самата Србија, за да ја направи послаба, а тоа можат да го смислат само овие смрдливи Британци.“

Додик за време на емисијата упати низа обвинувања кон високиот претставник Кристијан Шмит, упатувајќи му закани – „Нека дојде во РС, да видиме како ќе си помине“.

Тој, исто така, остро ги нападна опозициските партии во РС, нарекувајќи ги предавнички и сервилни кон политичко Сараево.

Додик понатаму изјави дека на сите важни светски обраќања „повеќе се знае за РС отколку за БиХ“, прецизирајќи дека моменталната ситуација во РС и БиХ „е позната во сите големи светски центри – од Москва, Пекинг, до Вашингтон, и дека РС значително се ангажирала во пристапувањето кон новата американска администрација“.

„Република Српска никогаш повеќе нема да има можност да биде предмет на дури и периферно спомнување на форуми како оној што ќе се одржи меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп“, додаде тој.

Тој ја обвини Европската унија (ЕУ) дека „дрско лаже“ за ситуацијата во Босна и Херцеговина. „Сега нивните претставници во БиХ велат дека она што го прави Кристијан Шмит е во ред. ЕУ стана сериозен проблем. Гледаме што се случува околу Украина, дека таму е потрошена огромна сума пари. Гледаме целосна милитаризација на Германија“, изјави Додик.

Според него, ЕУ „дефинитивно не постои во вредносна смисла“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ