сабота, 12 јули 2025

Десетици илјади граѓани на Маршот на гордоста во Будимпешта: Се спротивставија на забраната на владата (ВИДЕО)

Неколку десетици илјади луѓе денес учествуваат на Маршот на гордоста во Будимпешта во празнична атмосфера, пркосејќи на владината забрана, пренесува агенцијата Франс прес.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го забрани собирот минатата недела, што е чекор наназад за правата на ЛГБТ+ заедницата во Европската Унија (ЕУ), официјално оправдан врз основа на „заштита на децата“.

Меѓутоа, организаторите и кабинетот на градоначалникот, кој е од Партијата на зелените, одлучија да ја одржат парадата, тврдејќи дека за таков општински настан не е потребно официјално одобрение.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан сакаше да ја избегне сликата на насилна репресија и во петокот отфрли каква било интервенција од страна на органите за спроведување на законот, но им се закани на членовите на ЛГБТ+ заедницата со правни последици по парадата.

Во цела Европа, погледите ќе бидат вперени во Унгарија, земја со 9,6 милиони жители, што ја налути Европската комисија со оваа забрана.

„Оваа година, Парадата на гордоста во Будимпешта не е само прослава, туку е силен меѓународен израз на нашиот став“, изјави претседателката на Парадата на гордоста, Викторија Радвањи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ