Дејли меил, кој прв ја откри семејната врска, објавува дека пронашол стотици страници документи во архива во Фрајбург, Германија, кои покажуваат дека нејзиниот дедо бил познат како „Касапот“ или „Агент број 30“. Тој, наводно, ги потпишал своите писма до нацистичките претпоставени со „Хајл Хитлер“ и рекол дека „лично“ учествувал во „истребувањето на Евреите“.
Со малку позната позадина за нејзиното минато, документите покажуваат дека нејзиниот дедо бил Константин Доброволски, кој пребегнал од советската Црвена армија и станал главен нацистички доушник во Чернихив, Украина.
Сепак, Министерството за надворешни работи, зборувајќи во име на МИ6, рече дека Метревели „не го познавала ниту го запознала својот дедо по таткова линија“. „Нејзиното потекло е обележано со конфликти и поделби и, како што е случајот со многумина со источноевропско наследство, е само делумно разбрано“, додаде портпаролот на министерството.
Британската влада ја назначи Блез Метревели за шеф на МИ6 на почетокот на овој месец, со што стана првата жена на чело на шпионската агенција.
Метревели, моментално е раководител на технологијата на МИ6, позната како „Кју“, се приклучила на разузнавачката служба во 1999 година и поголемиот дел од својата кариера го поминала на оперативни позиции на Блискиот Исток и Европа. Ричард Мур, сегашниот шеф на MI6, ќе се повлече на есен по петгодишен мандат.
Премиерот Кир Стармер нагласи дека назначувањето на Метревели доаѓа во време кога Велика Британија „се соочува со закани од невидени размери“. „Знам дека Блез ќе продолжи да обезбедува одлично лидерство потребно за одбрана на нашата земја“, изјави тој.