сабота, 26 јули 2025

Данска го поддржа приемот на Украина во ЕУ, Зеленски со лидерите на Унијата

Премиерката на Данска, која сега претседава со ЕУ, Мете Фредериксен, вети денеска дека ќе ја поддржи Украина во приклучувањето кон Европската Унија (ЕУ).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, присуствуваше заедно со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лаен, на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со ЕУ, што е осми пат на таа позиција од пристапувањето во Унијата во 1973 година.

Русија, во четиригодишна војна, се обидува да заземе повеќе територија во неколку региони на Украина, вршејќи сериозен притисок врз одбраната на Украина. Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп прекина неколку испораки на оружје што му беа ветени на Киев, што дополнително ја загрозува способноста на Украина да се брани.

„Украина ѝ припаѓа на ЕУ. Тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа, данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на нејзиниот пат кон членство во ЕУ“, соопшти Фредериксен.

Патот на Украина кон ЕУ е блокиран од Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан инсистира Киев да биде „тампон зона“ меѓу Русија и членките на НАТО. Се очекува претставниците на ЕУ и Зеленски денеска да разговараат за зголемена воена поддршка и за новите санкции против Русија.

„Треба делумно да ја зајакнеме Украина и делумно да ја ослабнеме Русија. Првото нешто што го правиме е да ја зголемиме воената поддршка. Украина е клучна за безбедноста на Европа“, рече Фредериксен.

Таа додаде дека се воведуваат дополнителни санкции затоа што „треба да го зголемиме притисокот врз Русија“.

Данската влада инвестираше во украинската одбранбена индустрија и ги покани украинските компании да работат и во Данска. Зеленски треба да се сретне и со кралот на Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ