петок, 2 мај 2025

Чистка во Стејт департментот, Рубио го „суши мочуриштето“

Шефот на американската дипломатија Марко Рубио објави амбициозен план за реформа на Стејт департментот, кој подразбира укинување на неколку канцеларии и отпуштање на 700 вработени само во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во авторски текст објавен на интернет, Рубио го обвини Стејт департментот дека „ја кочи креативноста, нема одговорност и често врти во отворено непријателство кон американските интереси“, што претставува проблем во мултиполарниот свет во создавање.

„Ќе го исушиме надуеното бирократско мочуриште“, изјави Рубио.

Оваа реорганизација, во соработка со Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) на Илон Маск, ќе обезбеди секоја канцеларија „да има јасна задача и одговорност“, наведе државниот секретар на Соединетите Американски Држави.

Како прв знак на реформите, Рубио детали од планот испратил на порталот Фри прес, наместо на пример на Вашингтон пост. Според објавеното експозе, Стејт департментот ќе затвори 132 од 734 канцеларии и бироа низ светот, што претставува редукција од 17 отсто.

Притоа 700 професионални дипломати и бирократи во Вашингтон ќе ја изгубат работата.

Се укинува Канцеларијата за глобална кривична правда, формирана во 1997 за да се бави со „политиката на геноцид, воени злосторства и други тешки повреди на човековите права“. Прв шеф на таа канцеларија бил идејниот творец на Хашкиот трибунал Дејвид Шефер, а еден од неговите наследници бил хашкиот обвинител Клинт Вилијамсон.

„УСАИД престанува да постои од 1 јули“, наведува еден функционер на Стејт департментот. Помошта за странските земји ќе оди преку бирото за бегалци и регионалните управи за Африка, Евроазија.

Рубио ќе го укине и Бирото за конфликт и стабилизациски операции (ЦСО), за кое не се знае точно ни што работи ни што би требало да работи.

Како најочигледен пример за „одметната“ канцеларија Рубио го наведе Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) кој дури и сопствениот претседател го обвинил за „руски дезинформации“ и продолжил да работи под друго име дури и откако Конгресот гласаше да му се укине финансирањето. ГЕЦ беше расформиран дури минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ