Зеленски и европските лидери ги изненади одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп директно да разговара со рускиот колега Владимир Путин и да го најави почетокот на преговорите меѓу нив за прекин на војната во Украина. потегот предизвика загриженост на европските влади дека ќе бидат исклучени од разговорите кои може да резултираат со договор во корист на Русија, а на штета на безбедноста на Европската Унија.
„Премиерот ја повтори британската посветеност на неповратниот пат на Украина во НАТО, како што сојузниците договорија минатата година на самитот во Вашингтон“, се наведува во транскриптот од разговорот на британскиот и украинскиот лидер објавен од кабинетот на Стармер.
Тој го повтори и ставот дека не може да има преговори „за Украина без Украина“ и дека на Киев му се потребни силни безбедносни гаранции, дополнително вооружување и суверена иднина.
Зеленски кажа дека го запознал Стармер со содржината на разговорот со Трамп. „Безбедноста на секоја нација зависи од зајакнувањето на нашата колективна безбедност“, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс. „Клучно е тоа што секоја нова недела носи опипливи резултати кои ќе обезбедат долготраен и сигурен мир“.
I had a good conversation with UK Prime Minister @Keir_Starmer. I thanked him for all the UK’s support and emphasized that we deeply value Britain’s leadership.
I informed Prime Minister Starmer about my discussion with President Trump and contacts with the American side. The…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 14, 2025