среда, 16 јули 2025

Британската влада се заканува со тужба против Роман Абрамович

Британската влада се закани со тужба против поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, за да се осигури дека приходите од продажбата на клубот ќе завршат во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

2,5 милијарди фунти од продажбата на клубот се замрзнати на банкарска сметка во Велика Британија. Британската влада сака парите да одат за хуманитарна помош за Украина, но Абрамович изјави дека сака тие да одат кај „сите жртви на војната во Украина“.

„Иако вратата за преговори останува отворена, ние сме целосно подготвени да го однесеме ова на суд доколку е потребно“, изјавија во заедничка изјава министерката за финансии Рејчел Ривс и министерот за надворешни работи Дејвид Лами.

Тие нагласија дека сакаат „да се осигурат дека луѓето што страдаат во Украина ќе имаат корист од овие пари што е можно поскоро“. „Владата е решена приходите од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи да одат за хуманитарна помош во Украина. Длабоко сме фрустрирани што досега не беше можно да се постигне договор со Абрамович за ова“, додадоа тие.

Доцнењето во исплатата на средствата беше предизвикано од несогласување меѓу британската влада и адвокатите на Абрамович. Абрамович, руски милијардер кој се збогати од нафта и гас, доби посебна дозвола за продажба на Челзи по руската инвазија на Украина, под услов да докаже дека нема да има финансиска корист од продажбата.

Тој често е обвинуван дека одржува силни врски со рускиот претседател Владимир Путин, што тој го негира. Тој неможе да пристапи до приходите од продажбата на клубот, но парите сè уште законски му припаѓаат. Кога ја објави својата одлука да го продаде клубот, тој објави дека приходите од продажбата ќе бидат донирани преку фондација „во корист на сите жртви на војната во Украина“, која би ги вклучила и оние во Русија.

Британската влада се спротивстави на ова и тврдеше дека средствата треба да се трошат само за хуманитарни напори во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ