Додик изјави дека тоа му го кажале премиерот и тројца претседатели на европски земји.
„Ми рекоа дека британска единица од четириесетина војници била префрлена во БиХ со наредба, не да ме уапсат, туку да ме „скршат“ со приказната дека „давам отпор“, очигледно по мафијашки принцип. Човекот е проблем, ако нема човек, нема проблем. Тие не се откажале, но молчат“, изјави Додик за Вечерње новости.
Тој нагласи дека не се чувствува изолиран и дека се движи нормално.
Запрашан дали е точно сценариото на кое повикуваат дури и пратениците на (лидерот на СДА) Бакир Изетбеговиќ – дека треба да се пука во полицијата на Република Српска ако го брани, Додик рече дека никој не треба да биде повреден и побара од сите да бидат рационални.
„Ова е политички процес. Ние и нашите пријатели ја гледаме оваа ситуација како Кристијан Шмит, кого Република Српска не го признава за висок претставник, го прекрши меѓународното право, а муслиманите го поддржаа. И сега човек кој не е легитимен носи одлуки што јас, како легитимно избран претседател на Република Српска, морам да ги почитувам“, рече Додик.
Тој истакна дека има достоинство и карактер, дека тоа го покажува секој ден и дека никогаш нема да го прифати Шмит.
Некои го прифатија и сега се извинуваат дека нема повеќе да го прават тоа, а некои тајно се среќаваат со него. Јас не сум човек што мисли дека ќе остане тука засекогаш, но имам намера да се борам за Република Српска сѐ додека ја имам поддршката од народот“, нагласи Додик.
Додик, кој е и лидер на СНСД, рече дека за него е задоволство што народот го поддржува тоа што го прави, што го покажува поддршката според последното истражување од 62 отсто за Додик, 40 отсто за СНСД и 50 отсто за коалициските партнери.
„И сега, иако имам ваква поддршка, муслиманската инквизиција, преку лажниот Шмит и лажното обвинителство на БиХ, ме прогонува и ми вели да се кријам“, рече Додик.
Тој додаде дека и странците од Брисел му предложиле да се засолни.
„Тие нема да го гледаат тој филм. Нема да се кријам дури и ако НАТО дојде да ме уапси“, изјави Додик.