среда, 11 јуни 2025

Бизарен момент на самитот во Албанија: Ердоган го фати Макрон за прст и не сакаше да го пушти (ВИДЕО)

Видео на кое се гледаат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон како се ракуваат за време на шестиот самит на Европската политичка заедница што се одржа во Албанија во петокот, стана вирален хит.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На видеото Ердоган со левата рака го фаќа Макрон за десната рака, ја повлекува и почнува да го тапка со десната рака. Макрон потоа со левата рака одозгора ја фаќа десната рака на Ердоган.

Меѓутоа, Ердоган потоа со десната рака го фати показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон. Макрон веднаш успева да го извлече показалецот од стисокот на Ердоган, но Ердоган го држи средниот прст на Макрон во следните неколку секунди и не го пушта.

Откако видеото брзо се прошири, многумина почнаа да шпекулираат зошто Ердоган се однесувал вака за време на неговата кратка интеракција со Макрон.

Според турските медиуми, Ердоган реагирал на овој начин бидејќи „Макрон се обидувал да воспостави психолошка супериорност“ ставајќи ја раката на рамото на турскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ