недела, 6 април 2025

Би-би-си пресмета како Трамповите царини може директно да влијаат на граѓаните

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови увозни царини за стоки увезени во Америка, што, според Би-би-си, е најновиот потег во ескалацијата на глобалната трговска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обединетото Кралство е погодено со царини од 10 отсто за сите стоки увезени во САД, што според Трамп е одмазда за британските царини за американските стоки. Сепак, сѐ уште постои неизвесност за можното влијание врз британските потрошувачи, пишува Би-би-си. На Трамповата листа на земји за кои се воведуваат нови реципрочни царини е и Македонија, за која од денеска ќе се применува царина од 33 отсто.

Еве како Би-би-си пресметало дека ќе бидеме погодени ние и нашиот паричник:

1. Цените може да пораснат, но и да паднат

Царините што штотуку ги најави Трамп ќе ги плаќаат компаниите што увезуваат стоки во САД.

Клариса Хан, економистка од Оксфорд економикс, вели дека ова значи дека првичното влијание врз цените ќе го почувствуваат американските потрошувачи, бидејќи американските фирми веројатно дополнителните трошоци ќе ги пренесат на своите клиенти.

Сепак, таа додава дека луѓето во Британија, исто така, би можеле подоцна да бидат погодени од мерките, кои стапуваат во сила на 5 април.

Еден од начините е преку вредноста на фунтата и девизните курсеви, кои одредуваат колку ги чини британските фирми да увезуваат стоки и суровини од странство. Доколку се зголемат трошоците за увоз, тие дополнителни трошоци може да се пренесат на потрошувачите преку повисоки цени.

По говорот на Трамп во средата, девизните курсеви меѓу доларот и фунтата осцилираа. Ако доларот зајакне, како што предвидуваат некои економисти, увозните трошоци за британските фирми може да се зголемат.

Според Ахмет Ихсан Каја од Националниот институт за економски и социјални истражувања, повисоките цени во Британија би можеле да ги „присилат работниците да бараат повисоки плати“, дополнително зголемувајќи ги трошоците за фирмите.

Хан додава дека ако британската влада одлучи да возврати со царини за американските стоки, постои ризик цените во Британија дополнително да се зголемат доколку британските фирми ги префрлат трошоците на купувачите.

Сепак, некои економисти сугерираат дека цените би можеле да паднат како резултат на одлуката на Трамп да воведе царини.

Свати Дингра, економистка и членка на комитетот за монетарна политика на Банката на Англија, сугерира дека фирмите што вообичаено извезуваат стоки во САД би можеле да ги пренасочат на пазарите како Британија, каде што нема високи царини, што може да доведе до наплив на поевтини стоки во Британија.

„Царините од овој обем веројатно ќе ги принудат извозниците во САД да ги намалат цените за да ја задржат побарувачката за нивните производи“, вели таа.

2. Тоа може да влијае на вашата работа

Британските компании што извезуваат стоки во САД ќе бидат најтешко погодени од новите мерки.

Велика Британија минатата година извезла стоки во САД од речиси 60 милијарди фунти, главно машини, автомобили и фармацевтски производи. Други индустрии што многу извезуваат во САД се риболовот и електрониката.

Ако побарувачката од САД падне поради дополнителните трошоци што увозниците треба да ги платат, тоа би можело да ги намали профитните маржи и на крај да доведе до губење на работни места, освен ако британските фирми не најдат нови пазари надвор од САД.

Според Институтот за истражување на јавна политика, Јагуар ленд ровер и фабриката Мини во Коули, Оксфорд, се најизложени на американските царини за автомобили.

Институтот вели дека повеќе од 25.000 работни места во британската автомобилска индустрија се „загрозени“ од воведувањето на царината од 25 отсто, која стапува во сила в четврток, бидејќи еден од осум автомобили произведени во Британија се извезува во САД.

Фармацевтската индустрија е исто така многу зависна од трговијата со САД, вели Хан.

На САД отпаѓаат 40% од продажбата на компанијата Астразенека и 50% од ГСК. Иако и двете британски компании имаат производствени капацитети во Америка, суровините за лекови и вакцини патуваат меѓу Британија, ЕУ и САД. Со новите царини, тие компании може да се оданочуваат повеќекратно бидејќи суровините ги преминуваат границите заради преработка.

Исто така, постои прашање за тоа како царините се вклопуваат со ограничувањата на цените поставени од НХС и други здравствени организации за големопродажба на лекови.

3. Каматните стапки би можеле да останат високи долго време

Каматните стапки во Британија одредуваат колку домаќинствата плаќаат за заеми како што се станбени кредити, кредитни картички и кредити за исплата. Повисоките стапки значат и подобри доходи за штедачите.

Моментално се на 4,5%, а економистите предвидуваат уште две намалувања до крајот на годината.

Сепак, Банката на Англија ги наведе американските царини како причина за тоа што минатиот месец не ги намали дополнително стапките, велејќи дека економската и трговската несигурност се „интензивирани“.

Ако цените останат високи доволно долго за да влијаат на инфлацијата, тоа може да значи дека каматните стапки ќе останат покачени подолг период.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, рече дека работата на Банката е да „обезбеди инфлацијата да остане ниска и стабилна“ и дека „многу внимателно“ ќе ја следи ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ