недела, 14 декември 2025

Бен-Гвир предизвика дипломатски инцидент со својата молитва во Ал-Акса, Нетанјаху се дистанцира (ВИДЕО)

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир предизвика нов дипломатски инцидент со посетата на комплексот Ал-Акса на Храмовата Гора, каде што го прекина долгогодишниот статус кво и се помоли, предизвикувајќи силни реакции во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според израелскиот портал Инет, Бен-Гвир во неделата наутро посетил едно од најчувствителните религиозни места во Ерусалим и се помолил, иако на еврејските посетители им е дозволено само да влезат, но не и религиозни активности. Ова однесување е директно кршење на постојниот договор и може дополнително да ги влоши тензиите во Ерусалим.

Како одговор на потегот, канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху издаде соопштение во кое се вели дека Израел продолжува да го почитува статус квото на Храмовата гора, додавајќи дека официјалниот став на државата за ова прашање не е променет.

Покрај контроверзната молитва, Бен-Гвир за време на посетата повика на „освојување“ на Појасот Газа и им порача на Палестинците да ја напуштат територијата, дополнително поттикнувајќи шпекулации за можна ескалација на конфликтот.

Во исто време, медиумите известуваат дека премиерот Нетанјаху размислува за проширување на воената операција во Газа, со цел ослободување на преостанатите заложници што ги држи радикалната палестинска група Хамас.

Посетата на министерот Бен-Гвир и неговите изјави повторно го отворија чувствителното прашање за односот кон светите места во Ерусалим и ги поттикнаа стравувањата од поширока регионална дестабилизација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ