петок, 11 јули 2025

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран протече до Си-ен-ен од анонимен ниско рангиран губитник

Американските медиуми објавија дека првичната проценка на Разузнавачката агенција на американското Министерство за одбрана (ДИА) покажала дека нападите на САД врз Иран само привремено ја забавиле неговата нуклеарна програма – и тоа за само неколку месеци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит се огласи на социјалните мрежи за остро да ја нападне самата проценка.

„Оваа наводна „проценка“ е целосно погрешна и класифицирана како „строго доверлива“, но сепак беше протечена до Си-ен-ен од ниско рангиран губитник од разузнавачката заедница.

Објавувањето на оваа наводна проценка е јасен обид да се понижи претседателот Трамп и да се дискредитираат храбрите борбени пилоти кои совршено ја извршија мисијата за уништување на нуклеарната програма на Иран.

Секој знае што се случува кога ќе фрлите четиринаесет бомби од 13.600 килограми точно врз целта: тотално уништување“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Американската Си-би-ес њуз објави дека извор запознаен со проценката потврдил дека прелиминарната анализа сугерира дека нападите ја забавиле програмата само за неколку месеци и не ги уништиле објектите.

Според изворот, нападите врз објектот Фордоу ги срушиле влезовите, но инфраструктурата за збогатување на ураниум, која се наоѓа подлабоко под земја, ја оставиле во голема мера недопрена.

Истиот извор ги оспорува тврдењата на портпаролката Ливит за сомнителниот квалитет на извештајот, велејќи дека прелиминарните проценки обично се покажуваат како точни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ