недела, 14 декември 2025

Американски историчар: Не зборувајте за „размена на територии“ за Украина, такво нешто не постои

Американскиот историчар Тимоти Снајдер, професор на Универзитетот Јеил и еден од најпочитуваните светски експерти за Украина и Русија, предупреди дека терминот „размена на територии“ во дискусиите за војната во Украина е погрешен и манипулативен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Снајдер, познат по книгите „Крвави земји“ и „Црна земја“ и долгорочните анализи на советската и постсоветската политика, објави два коментари на социјалната мрежа Икс за начинот на кој се користи терминот „размена на територии“.

„Фразата „размена на територии“ се користи за да го означи следново: Украина отстапува територија нелегално окупирана од Русија, а исто така отстапува и територија што воопшто не е окупирана. Тоа не е размена“, напиша Снајдер.

„Секој пат кога некој ќе ја користи фразата „размена на територии“, нека прецизира точно која руска територија би ја добила Украина. Досега, тоа е само еуфемизам за принудување на Украина да ѝ предаде нешто на Русија“, додаде тој.

Коментарите на Снајдер доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници јавно со денови изјавуваат дека мирот во Украина ќе дојде само преку „размена на територии“. Трамп ја повтори оваа идеја по неодамнешната средба со Владимир Путин на Алјаска, а разговорите во Белата куќа со Володимир Зеленски, како и консултациите со лидерите на ЕУ и НАТО, беа водени во иста насока.

Според дипломатски извори, Путин го бара целиот Донбас – регионот кој прогласи независност во 2014 година. За возврат, тој нуди само ограничени повлекувања на фронтовските линии во Запорожје и Херсон.

Снајдер истакнува дека не станува збор за никаков вид размена, бидејќи во оваа шема, Украина „разменува“ своја територија – онаа што е окупирана и онаа што не е, и тоа за – ништо. Со други зборови, тоа е еднострано отстапување на територија на агресорот.

Терминот „размена на територија“, тврди Снајдер, затоа ја прикрива вистинската природа на предлогот: не станува збор за компромис, туку за притисок врз Украина да се откаже од својатсуверена територија, додека Русија не дава ништо за возврат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ