Како што беше кажано на британската агенција, санкциите сè уште ги блокира Словачка, која изјави дека нема да го промени својот став сè додека не се отстранат нејзините загрижености за намерата на Европската Унија целосно да го забрани купувањето руски гас од 2027 година.
Словачка бара исклучок од забраната најмалку до 2034 година, бидејќи нема излез на море и не може сама да увезува течен природен гас, што би ја направило целосно зависна од други земји за енергија.
Новиот пакет санкции сè уште е блокиран и од Малта, која не се согласува со намерата на ЕУ дополнително да ја намали максималната цена по која Русија би можела да извезува нафта. Малта има голем број танкери за нафта и падот на нивните приходи би влијаел значително на нејзината економија.






