Шест недели по предвремените парламентарни избори АфД според испитувањата на јавното мислење на институтот Ипсос со поддршка од 25 отсто стана најсилна партија во Германија.
Унијата ЦДУ/ЦСУ, која на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите, според ова истражување ја поддржуваат 24 отсто од анкетираните. АфД на изборите во февруари освои 20,8 отсто.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во моментов има послаба поддршка од 15 отсто отколку на изборите, а мала загуба бележат и Зелените.
Партијата Левица го подобри својот резултат од 8,8 на 11 отсто.
Аналитичарите падот на популарноста на ЦДУ/ЦСУ го поврзуваат со промената на ставот на оваа партија и нејзиниот лидер, кандидатот за канцелар Фридрих Мерц, околу нови задолжувања.
Растот на популарноста на АфД и Левица се поврзува и со нивната политика околу барањето дипломатско решение за Украина.