четврток, 10 јули 2025

Ајатолахот се огласи: „Битката започнува“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Иран „никогаш нема попушти пред ционистите“, во серија објави на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да имаме милост кон ционистите“, се вели во една од објавите. Друга гласи: „Битката започнува“.

Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД знаат каде се наоѓа иранскиот лидер, но дека „нема да го убијат… барем засега“.

Претходно оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.

Иран и Израел продолжуваат со меѓусебените напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ