понеделник, 5 мај 2025

Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим како дел од предлогот да помогне да се стави крај на војната со Украина, пренесува Си-ен-ен, цитирајќи неименуван функционер запознаен со ова прашање.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот, исто така, ќе воспостави прекин на огнот долж линијата на фронтот, рече изворот.

Рамковниот предлог на САД беше споделен со европските и украинските претставници кои се состанаа во четвртокот во Париз, а беше и тема на телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според официјални лица, сѐ уште има делови од преговарачката рамка што треба да се пополнат, а САД планираат да соработуваат со Европа и Украина на ова следната недела во Лондон.

Администрацијата на Трамп истовремено планира уште една средба меѓу пратеникот на претседателот Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, и руските официјални претставници, рече изворот.

Руските сили ја презедоа контролата врз полуостровот Крим во 2014 година, а Москва ја анектира територијата во потег што огромното мнозинство од меѓународната заедница го смета за незаконски, според американскиот ТВ канал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ