петок, 7 февруари 2025

Свештеник отпуштен откако го имитираше поздравот на Маск (ВИДЕО)

Свештеник на Англиканската католичка црква во Мичиген е сменет од функцијата откако употребил поздрав кој потсетува на нацистичкиот поздрав.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Калвин Робинсон, кој бил главен свештеник на Англиканската католичка црква Св. Павле во Гранд Рапидс, Мичиген, направи гест на крајот од говорот на 25 јануари на Националниот самит за про-живот во Вашингтон.

Се чини дека Робинсон го имитира Илон Маск, велејќи: „Моето срце е со вас“, пред да ја крене десната рака.

Според соопштението на веб-страницата на Англиканската католичка црква, официјалната дозвола на Робинсон во црквата му е одземена и тој повеќе нема да служи како свештеник.

„Ние веруваме дека оние кои го имитираат нацистичкиот поздрав, дури и како шега, се обидуваат да ги испровоцираат противниците, го намалуваат ужасот на холокаустот и ја поткопуваат жртвата на оние кои се бореле против неговите извршители“, се вели во соопштението. „Таквите постапки се штетни, разединуваат и се спротивни на принципите на христијанската љубов“.

Робинсон објави изјава на социјалните мрежи во која го брани гестот како „шега“ со која се исмеваат „хистеричните либерали кои го нарекоа Илон Маск нацист затоа што јасно ѝ покажа на публиката дека неговото срце е со нив“.

„Да бидам јасен, ако морам да кажам: јас не сум нацист“, напиша тој.

Тој додаде дека неговиот обид за хумор е „сувопарна досетка, на оној типично британски начин“ и дека гестот „не бил шега на сметка на Втората светска војна, ниту признание за моето членство во Нацистичката партија. Тоа би била крајно невкусна и злонамерна претпоставка“.

Веднаш по снимката од неговиот поздрав, се направи паралела со контроверзните гестови на Маск на инаугурацијата на Доналд Трамп, кои некои ги протолкуваа како фашистички.

Маск потоа на својата социјална платформа Икс објави дека се шегувал на сметка на гестот и нацизмот, што многумина го сметаа за невкусно.

Минатата недела тој ненадејно се појави на собир на германската радикална десница, каде што ги повика луѓето „да ја надминат вината за минатите постапки“, алудирајќи на Холокаустот.

„Добро е да се гордееш со германската култура и вредности и да не ги изгубиш во некој мултикултурализам кој разредува сè“, рече Маск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ