„Секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот. Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има Закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние коишто мислат дека на грбот на народот ќе се богатот, тоа ние како Влада нема да го дозволиме“, рече премиерот Мицкоски.
На новинарско прашање дека некои од големите ланци на супер маркетите тактизираат во однос на пониските цени, дали размислува како одговор на ова да го продолжите рокот на траење на оваа мерка, премиерот Мицкоски е дециден дека тој што тактизира ќе плати казна согласно законот.
„Не, не можат да тактизираат, си има законски рок, кој е со уредба донесен итн. и не може да се тактизира. Тој што тактизира ќе плати казна согласно законот. Нема тактизирање“, изјави Мицкоски.