Европскиот суд за првада денеска во Луксембург донесе одлука со која се дава зелено светло за формирање на Суперлигата.
Веднаш потоа Суперлигата излезе со видео за себе промоција преку кое се објаснува како би изгледало натпреварувањето.
За разлика од првичната идеја, новиот формат е далеку поотворен. Затвореноста беше главната критика од фудбалската јавност, па очигледно иницијаторите на Суперлигата значително се корегираа.
Се работи за натпреварување на три нивоа, ќе има Ѕвездена, Златна и Сина лига. Меѓу нив ќе има испаѓање и промоции, а во Сината лига ќе може да се пласираат и други клубови врз база на пласманот во домашните првенства. Таквиот систем нуди отвореност за сите клубови.
Суперлигата на клубовите им ветува далеку поголема финансиска добивка, а на навивачите бесплатни преноси од натпреварувањето.