сабота, 22 февруари 2025

Суперкомпјутерот на Опта направи нови пресметки, еве кој сега е фаворит за триумф во ЛШ

Суперкомпјутерот на Опта изврши нови пресметки по денешната ждрепка во Лигата на шампиони, Ливерпул останува главен фаворит, шансите на Барселона се зголемија.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Нион беа одредени паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони, а беше одреден и костурот на екипите за доаѓање до финалето.

Па суперкомпјутерот на Опта направи нови пресметки, според кои Ливерпул и понтаму е прв фаворит за трофејот во најелитното европско натпреварување.

Драстично пораснаа и шансите на Барселона, која за противник во осминафинале ја доби Бенфика, а доколку победи, во четвртфинале ќе вкрсти со подобриот од пресметката помеѓу Борусија Дортмунд и Лил.

Спротивна е ситуацијата со Арсенал, шансите на „топчиите“ се намалија, најмногу поради тоа што во евентуално четвртфинале ќе вкрстат со подобриот од пресметката помеѓу актуелниот шампион Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ